52-годишна тетовчанка три пати се заразила со корона вирус, била вакцинирана со синофарм

Педесет и двегодишна тетовчанка е лицето, кое се најде во извештајот на Институтот за јавно здравје, која дури трипати се заразила од опасниот вирус Ковид 19, неофицијално дознава „Фокус“.

Според информациите на „Фокус“, тетовчанката прв позитивен тест на корона вирусот добила на 25 јули, лани и во тој период не била хоспитализирана во болница. По првото заразување, единствениот симптом кој го имала била главоболка. Неофицијалните извори тврдат дека само неколку месеци подоцна, поточно на 6 декември, истата година таа по вторпат се заразила од Ковид 19 и повторно не била болнички третирана.

Но, тука не завршува приказната. 52-годишната жена се заразува дури по третпат од опасниот вирус на 19 јули, 2021 година. Информации на „Фокус“ уште кажуваат дека таа била вакцинира со две дози од кинеската вакцина синофарм, а од коморбидети имала хронична бубрежна болест и висок притисок.

Сепак, и покрај сите три заразувања со Ковид 19, таа оздравела, но е единствената жена која досега дури трипати бил носител на опасниот вирус.