52-годишен пешак прегазен на пат кај Петровец

Синоќа околу 20:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на општинскиот пат од село Огњанци кон Петровец, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот Б.П. од Скопје, удрило во пешакот М.Т.(28) од село Р’жаничино.

Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.