52-годишен охриѓанец тешко повреден при работа на објект

Тешко повреден 52-годишен охриѓанец при извршување градежни работи во објект во изградба во Струга.

- На 23.09.2026 во СВР Охрид, од Итна медицинска помош е пријавено дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди го пренеле Б.М.(52) од Охрид. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи во објект во изградба за правно лице од Струга, соопштија од полицијата во дневниот билтен. 

Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Охрид и трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.