500 денари за гинеколошки преглед се многу, а за фризер и нокти без проблем ги давате

Така секој ден си се лажев ај не денес, ај утре ќе се јавам да закажам и еве поминаа 5 години откако не сум била на гинеколог. Меѓувреме матичната сама си отворила ординација, многу работи мрднале, а јас не се имам преглдано за да знам какво е моето здравје, за срамота.

Влегов кај докторката ја поздрави за чудо ме имаше запаметено...Ги подмести очилата ја крена главата и ми рече и колку помина од поселдниот преглед кога откри дека си бремена, па 5 години докторке, е фино, фино. Меѓувреме колку пати закажа и отиде на надградба на нокти и фризер...полесно ли се крева слушалка и се даваат 500-1000 денари, отколку тука да се јавиш и да си направиш еден преглед..се засрамив како мало дете.

Ја нведнав главата и `и реков во право сте, нема никакво оправдување....мммм ај да видиме до каде си.....те мачи ли нешто,  па овој месец ми доцни менструацијата,  да ни била оваа ситуција може ќе почекаше уште некоја година така, ајде ќе земеме брисеви ќе направиме еден ПАП тест бидејќи одамна не си била, кој е и бесплатен еднаш во годината. Да видиме на ехо, да да еве го, честито втор пат мајка ќе станеш....Се израдував го сакав ама не го очекував бев пресреќна...Се насмевна докторка и ми рече е сега барем секој месец со причина ќе те гледам, не ќе имаш многу време за фризер, а и нокти не е препорачливо да ставаш.

Напомена:

Ра­кот на гр­ло­то на ма­тка­та во Ма­ке­до­ни­ја е вто­ро ма­лиг­но за­бо­лу­ва­ње и вто­ра при­чи­на за смрт од рак кај же­ни­те, по ра­кот на дој­ка­та. Кај нас, се­ко­ја го­ди­на од рак на гр­ло­то на ма­тка­та за­бо­лу­ва­ат по око­лу 300 же­ни, а приб­лиж­но една по­ло­ви­на од нив уми­ра­ат ка­ко пос­ле­ди­ца на оваа бо­лест.

По­че­то­кот на оваа бо­лест е без симп­то­ми и се на­ре­ку­ва пре­дра­ко­ва со­стој­ба. По­ја­ва­та на пр­ви­те симп­то­ми се ве­ќе знак за помалку или по­ве­ќе на­пред­нат про­цес, а тоа се не­чист, жол­те­ни­кав ва­ги­на­лен ис­це­док, по­вре­ме­но со при­ме­си на крв ка­ко и ма­ли кр­ва­ве­ња пос­ле се­ксу­а­лен од­нос.

Ре­чи­си се­кој слу­чај на рак на гр­ло­то на ма­тка­та мо­же да се спре­чи со ре­дов­ни ги­не­ко­ло­шки прег­ле­ди (ПАП-тест или ХПВ тест), ка­ко и при­мар­но со вак­ци­на­та про­тив ХПВ.

ПАП-те­стот мо­же да открие да­ли по­сто­јат кле­точ­ни про­ме­ни пре­диз­ви­ка­ни од ХПВ-ви­ру­сот и пред­ма­лиг­ни со­стој­би.

Македонските гинеколози велат дека има же­ни, де­вој­ки, кои ни­ко­гаш не би­ле на ги­не­ко­лог и нико­гаш не на­пра­ви­ле ПАП-тест или ХПВ-тест.