500 аеродромци добиваат субвенции за еколошки превоз

Денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, ги потпиша решенијата за доделување паричен надоместок за секој купен велосипед или електричен тротинет, за што неодамна Општина Аеродром објави јавен повик.

Од објавувањето на повикот, па сè до исцрпувањето на предвидените средства, апликации за добивање на овие субвенции поднесоа 549 граѓани, од кои 497 ги поднесле сите потребни документи, па според тоа и ќе добијат надоместок.

Ова е прва година во која Општина Аеродром, покрај за велосипеди, доделува субвенции и за електрични тротинети.

Со овие мерки и со наши инвестиции во подобрувањето на инфраструктурата за користење алтернативни средства за превоз, заеднички со граѓаните придонесуваме за зачувување на животната средина, велат надлежните од општината.