50 работи за сексот кои посакувам да ги знаев многу порано

Сексот веќе одамна не е табу тема и луѓето многу пооотворено ги споделуваат своите искуства кога е истиот во прашање.

За да можете целосно да се препуштите на страстите и да уживате во него, треба да бидете свесни дека тоа е нешто кое го правите затоа што навистина го сакате, а не затоа што морате или на тој начин сметате дека ќе задржите некого до себе.

Глумењето, сексот без заштита или сексот кој ви причинува болка се нешта кои навистина не треба да бидат дел од вашиот живот и колку порано го сфатите тоа, толку ќе се чувствувате подобро.

Ова се работите за кои еден ден ќе помислите дека ќе беше многу подобро да ги знаевте многу порано:

1. Нема смисла да глумите.

2. Подолго време нема да ги разбирате потребите на вашето тело и тоа е сосема во ред.

3. Но, кога еднаш ќе откриете што сакате, ќе го барате тоа и ќе уживате во него.

4. Всушност, многу е подобро да го побарате тоа што го сакате отколку да глумите.

5. Постојат повеќе видови оргазам.

6. И со секој се чувствувате поинаку. И тоа е одлично, бидејќи така и треба да биде.

7. Тешко е да ги споите, но ако успеете чувството е извонредно.

8. Никогаш не треба да ви биде незгодно да му кажете некому што да прави или да му наредите да престане.

9. Но, тоа се однесува на двете страни, па затоа водете сметка и за потребите на партнерот.

10. Не морате да претпоставувате, ако партнерот не зборува и не бара ништо, веројатно е среќен со тоа што го добива.

11. Лубрикантот нека ви стане пријател.

12. И тоа еден од подобрите (запаметете го тоа и искористете ја неговата моќ)

13. „Понекогаш боли на почетокот, но ќе се навикнеш“ е вистинска глупост. Ако боли значи дека нешто не е во ред.

14. Не се срамете да кажете „Ова ми е чудно, можеме ли да пробаме нешто друго?“

15. Никогаш нема да знаете што ви одговара додека не пробате.

16. Но, ако нешто не ви се допаѓа сосема е во ред.

17. Телата се чудни и испуштаат чудни звуци безброј пати.

18. Понекогаш дури и без причина, но навикнете се на тоа.

19. Сексот под туш речиси никогаш не е како тој на филмовите.

20. Сепак, може да биде многу забавен, но и лизгав.

21. Исто така, водата и лубрикантот воопшто не се една иста работа.

22. Скратете ги ноктите.

23. За тоа ќе ви биде благодарен и партнерот.

24. Ако ви каже дека му треба најголемиот презерватив, најверојатно лаже.

25. Но, би било добро да го имате во случај да ја зборува вистината.

26. Всушност, секогаш би требало да имате со себе презерватив.

27. Но, ако никој од вас нема, а тој инсистира дека е „чист“, веднаш одложете го сексот за друга прилика.

28. Секогаш барајте потврда. Едноставното прашање „Добро ли е вака?“ помага сите да се чувствуваат посигурно и подобро.

29. Скалите може да бидат од голема корист при стоечки секс, бидејќи постои разлика во висината.

30. Истото важи и за креветите, табуретките, кујнските пултови и другите видови мебел.

31. Некои парчиња облека ќе бидат упропастени. Без разлика дали станува збор за кинење, дамки или мириси. Тоа е еден од ризиците со сексот.

32. Научи како сама да дојдеш до оргазам. И никогаш не дозволувај никој да те посрами, бидејќи можеш подобро да се задоволиш сама.

33. Во фиоката секогаш имај бонбони за освежување на здивот.

34. Истото важи и за влажните марамици.

35. И завои. Никогаш не се знае...

36. Полово преносливите болести се доста чести и прилично лесно се лекуваат.

37. И токму затоа треба да бидете искрени кон вашиот партнер, гинеколог и себеси и да се тестирате.

38. Да, дури и ако вашиот партнер е од ист пол.

39. Презервативите и превентивните мерки не важат само за хетеросексуалци. Направете го вашиот дел и заштитете се.

40. Ако планирате да купите секс играчка, купете ја веднаш. Сè што треба да правите е редовно да ја чистите.

41. Тоа што го гледате на порно филмовите е една голема лага.

42. Сосема е нормално вашиот сексуален живот да личи на плима и осека во врска со сексуалните желби со партнерот. Тоа не значи дека нешто не е во ред со врската, тука е показател дека подолго време сте заедно. Затоа опуштете се, разговарајте и сè ќе биде во ред.

43. Но, ако некогаш посакате да престанете, тогаш веројатно постои поголем проблем кој треба да го решите. Разговарајте веднаш, не одолговлекувајте.

44. Не дозволувајте некому да преспие кај вас само затоа што сте имале секс.

45. Истото важи и за користењето на вашиот туш (и шампон).

46. Или за твојата храна.

47. Не постои спонтан анален секс. За него треба време и подготовка.

48. Сексот е сличен како возење велосипед, штом еднаш научиш, никогаш не се заборава.

49. Имаш право да кажеш „не“ и да го смениш мислењето секогаш кога сакаш.

50. Ако не сакаш да имаш секс за време на циклусот, не потпаѓај под никакви наговарања.