Има денови кога навистина ни е потребен убав збор и поддршка. Без оглед на тоа која е причината за тоа. А нема поубав начин на поддршка од поддршката која си ја даваме самите на себе.

Денес составивме листа од 50 позитивни афирмации кои секојдневно треба да си ги повторувате или барем да ги повторувате во деновите кога не ви е дојдено до ништо.

Смеам да зафаќам простор.

Моето минато не е одраз на моја иднина.

Јас сум доволно паметен/паметна да носам одлуки.

Јас ги контролирам моите чувства.

Избирам мир.

Јас имам храброст да се борам за себе.

Денес ќе успејам.

Заслужувам да имам среќа вго живготот.

Заслужувам љубов.

Јас се сакам себеси.

Моето тело е здраво.

На чекор сум да постигнам совршена хармонија.

Јас сум смирен/а, среќен/на и задоволен/на.

Мојот живот е подарок и го ценам сѐ она што го имам.

Јас се опкружувам себеси со позитивни луѓе кои го вадат најдоброто од мене.

Не ми треба друг човек за да почувствувам среќа.

Заслужувам време за да се одморам.

Моите несовршености се она што ме прават посебен/на.

Имам право да правам грешка и тие не се целата моја приказна.

Избирам да не се критикувам себеси и другите околу мене.

Мојот потенцијал за успех е неограничен.

Тешките времиња се дел од моето патување и поради нив знам да ги ценам добрите работи.

Им простувам на оние кои ме повредиле.

Јас сум одговорен/а за својот живот и никој друг не смее да го одредува мојот пат.

Го давам најдоброто од себе и тоа е доволно.

Имам моќ за да направам промена.

Знам што да направам за да постигнам успех.

Избирам да се гордеам со себеси и со работите кои ги правам.

Нема да се споредувам со непознати луѓе на Интернет.

Јас сум сосема доволен/а.

Се ослободувам од сѐ она што не ми користи.

Го сакам своето тело.

Мојот живот со текот на годините станува сѐ поразновиден.

Можам да остварам сѐ што ќе замислам.

Заслужувам почит и прифаќање.

Моите придонеси кон овој свет се големи.

Моите желби и потреби се важни.

Моето присуство во туѓите животи има големо влијание.

Јас сум благословен/а со прекрасно семејство и пријатели.

Лесно привлекувам заработка и пари во мојот живот.

Мојот живот е полн со прекрасни можности кои само чекаат да ги зграпчам.

Јас имам слобода да го создадам животот кој сакам да го живеам.

Отворен/а сум за нови животни авантури.

Јас сум храбар/а, убав/а и паметен/а.

Формата на моето тело е прекрасна.

Кога дозволувам мојот сјај да се шири, несвесно им давам дозвола на другите луѓе да го прават тоа.

Ниту едно количество вина нема да го промени минатото и ниту едно количество грижа не може да ја промени иднината.

Кога правам мали чекори кон големи цели – тоа е прогрес.

Негативните мисли можат да имаат моќ само ако јас им го дозволам тоа.

Јас можам да одберам да направам моите клетви да станат благослови.