50 „легнати полицајци“ се поставуваат во Бутел

Во општина Бутел од вчера започна поставувањето на сообраќајната опрема за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

- На барање на жителите кои сами ни ги посочија локациите се поставуваат препреки за намалување на брзината на возилата или таканаречени легнати полицајци на повеќе фреквентни локации и улици низ сите населени места, информираше градоначалникот Дарко Костовски. 

„Легнати полицајци“ ќе се поставуваат во Љубанци, Љуботен, Радишани, Расадник, Љуботенски Пат, Св Климент, Живко Брајковски, Скопје Север,Бутел 2, Визбегово и Кучевачка Бара.

- Поставувањето на нови таканаречени легнати полицајци е со цел да се овозможи поголема безбедност не само за пешаците туку и за возачите. Со ова ја зголемуваме безбедноста на сите учесници во сообраќајот, што беше предизборно ветување, рече Костовски. 

 Општина Бутел за овој проект од својот Буџет издвои околу три милиони денари.