50-годишна жена прегазена на скопска крстосница

50-годишна жена од Куманово прегазена на скопска крстосница. Се здобила со тешки повреди. 

- На 14.06.2026 околу 15:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Крушевска Република“ со ул.„Мирче Ацев“ во Скопје, патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(56) од Скопје, удрило во 50-годишната С.Б. од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Б., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.