50-годишен пешак загина во сообраќајка во тетовско

Педесетгодишен жител на Желино го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи во синоќа во ова тетовско село околу 20 часот и 30 минути.

-Во СВР Тетово во 20 часот и 30 минути било пријавено дека на локален пат во Желино патничко моторно возило удрило и усмртило 50-годишник кој бил пешак.  По пријавената несреќа во полицијата била повикана и екипа од итна медицинска помош од каде е констатирана смрт кај 50 годишникот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По несреќата е започнат увид од обвинител од тетовското Јавно обвинителство и стручна екипа од СВР Тетово. Тетовската полиција најави уште детали за сообраќајката во текот на денот.