50-годишен гостиварец натепал малолетник - ќе одговара кривично

50-годишен гостиварец доби кривична пријава поради напад на малолетник.

Во полицискиот билтен се наведува дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против И.Ѓ.(50) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „насилство врз дете“.

На 24.04.2026 во Гостивар, пријавениот физички нападнал малолетник.