50-годишен дилер уапсен во Прилеп

Вчера во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.К.(50) од Прилеп.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок , информираа од МВР.