5 знаци на несреќна врска и што да направите во однос на тоа?

Можеби сте свесни за тоа, а можеби и не. 

Photo by Brooke Cagle on Unsplash

Во секој случај, препознавањето на несреќната  врска може да донесе измешани чувства на збунетост, тага, па дури и страв. Но, што доаѓа после тоа? Дали врската може да биде спасена или не? 

За почеток, да ги разгледаме знаците на една несреќна врска.

Едноставно го чувствувате тоа

Првото нешто што е јасно во несреќните врски е дека едноставно го чувствувате тоа и сте повеќе несреќни, отколку среќни. Среќата е емоција која јасно ја препознаваме кога е дел од нас. Но, недостатокот на таквото чувство во врската може да донесе чувство на тага, фрустрација, стрес, досада и апатија. Нешто не е во ред. 

Но, имајте на ум среќата е поврзана со нашето лично чувство, таа не мора да значи дека нешто навистина добро или лошо во врската. 

Не се чувствувате добро и сигурно

Ако не можете да споделите каков ден сте имале, ако не можете да разговарате за некои важни ситуации во врската, тоа значи дека кај вас постои недостаток на физичка и емоционална сигурност, која е клучот за среќните врски. Тоа не мора да значи дека во врската постои насилство или директна навреда, туку едноставно недостаток на разбирање меѓу двајцата партнери.

Немате желба да бидете покрај партнерот

Ова е јасен знак дека нешто не е во ред. Ако сте несреќни во врската, тогаш сигурно дека нема да сакате, ниту пак ќе имате потреба да минувате време покрај другата личност бидејќи тоа не ви носи задоволство. Генерално гледано, убавината на тоа да се биде во врска е што се чувствуваме  добро, среќно и пријатно покрај саканата личност и тоа додава дополнителна вредност во нашите животи. Но, кога тоа е не е така, очигледно постои некаков проблем.

Не сте заинтересирани за интимност

Интимноста значи различни работи за различни луѓе, но ако воопшто немате никаков интерес да бидете интимни со саканата личност, тогаш ова е уште еден знак кој покажува дека вашата врска е несреќна. Можеби сте уживале во сексот во минатото, но нешто се сменило, но ако тоа трае предолго, тогаш дефинитивно има влијание на блискоста меѓу вас и вашата сакана личност. 

Се чувствувате дистанцирани

Како да постои голем јаз меѓу вас, комуникацијата е слаба и ретко дискутирате на длабоки теми, освен за секојдневните работи и одговорности. Ова е уште еден знак кој покажува дека врската е загрозена и треба да се преземат чекори за повторно зближување, доколку тоа е возможно. 

Треба да знаете дека секој од нас се случува несреќно во врската од време на време и тоа зависи од многу фактори. Никој од нас не може да биде среќен 100% од времето. Но, она на што треба да обрнеме значајно влијание се следните фактори:

  • Начинот на комуникација
  • Пристапот кон кавгите и конфликтите и нивното решавање
  • Стресот кој можеби се прелева од другите аспекти кон врската
  • Недостаток на доверба и независност
  • Недостаток на доверба и почит
  • Лична несигурност или пак несигурност во однос на саканата личност
  • Недостаток на интимност

За почеток, важно е да утврдите која од овие области не функционира, а потоа да направите листа на работи кои можеби можете да ги преземете. Но, пред тоа, важно е да утврдите што од ова е ваш удел, односно ваша одговорност, а потоа на саканата личност. Во вакви ситуации, луѓето се ретко искрени кон себеси и често ја префрлаат одговорноста на другата страна, но важно е да вложите напор и да го најдете својот дел во приказната.

Комуникацијата е клучна бидејќи преку отворен разговор можат да се решат многу работи. За почеток, немојте да пристапувате негативно и да се расфрлате со својот сопствен суд или пак етикети кои ги имате можеби развиено за саканата личност или вашата врска. Комуникацијата значи отворен разговор за она што го чувствувате, но и активно слушање. 

Последниот чекор е преземање акција. Ако саканата личност ви значи и сакате да ја сочувате врската, тогаш можеби не морате да се менувате како личност, но можете да се потрудите да смените некои начини во вашето однесување кои и пречат на саканата личност, и обратно, да го очекувате тоа од другата страна.

Не е едноставно, но статус-кво ситуацијата не помага никому. Преземете одговорност и бидете проактивни.