5 знаци дека излегувате со емотивен психо!

Кога една врска завршува, секогаш почнуваме да анализираме што се случило и се обидуваме да ја најдеме вистинската причина поради која врската завршила. Тешко е веднаш да се препознае дали станува збор за случајност или емотивен излив.

Ние денес ќе се обидеме да ви помогнеме да ги препознаете луѓето кои се однесуваат сомнително. Има 5 типови на однесување кои го издаваат емотивното психо!

Тие секогаш ве обвинуваат за сите проблеми во врската

Не е дека се глупави и не разбираат. Напротив, тие знаат дека во нив е грешката, но нивната природа едноставно не им дозволува да ја признаат својата грешка. Тие бараат начини да ве натераат да мислите дека се што е лошо во врската е поради вас.

Тие постојано лажат за да се чувствувате лошо

Кога зборуваме за лаги, вреди да се фокусираме на фактот дека овие луѓе не лажат само за општи теми, тие се способни да лажат од никаде-некаде. Од таа позиција, тие воопшто не се грижат за вашите чувства и не ни сфаќаат што прават.

Тие ве обвинуваат за сопствените неуспеси

Овие луѓе живеат во заблуди. Тие веруваат дека сите околу нив се виновни за нивните неуспеси. Како и погоре, вашите чувства воопшто не им се важи. Тие одново и одново ќе повторуваат дека поради вас тие не можат да си ги остварат соништата

Тие на секој начин се обидуваат да ви го погазат достоинството

За луѓето како овие, вие не сте повеќе од далечинско за телевизор. Тие ја нашле совршената личност која има чувства за нив и тие ве контролираат за да си ги задоволат потребите.

Тие ви забрануваат да комуницирате со други луѓе

Со такви луѓе, речиси е невоможно да побарате помош. Со ограничувањето на вашето комуницирање со светот, тие ве врзуваат засекогаш за себе со тоа што ќе ве уверат дека можте да преживеете во светот само со нивна помош. Подобро е да бегате од вакви луѓе, затоа што тие можат да ви го одземат она што е највредно: вашиот живот.