5 животни принципи кои го водат вашиот хороскопски знак

За некои најважни се честа и почитта, за некои најважно нешто во животот е нивната слобода и независност. Откријте ги животните принципи кои го водат вашиот хороскопски знак (а со тоа и вас) низ животот.

Овен

  1. Не ти се исплати да се расправаш со мене.

  2. Подобро е да направиш нешто отколку после да се каеш што не си го направил тоа.

  3. Човек засекогаш останува млад доколку има млад дух.

  4. Тврдоглавоста не е порок.

  5. Јас не напаѓам, јас се бранам.

Бик

  1. Не го сакам туѓото, не го давам моето.

  2. Кој не сака храна, тој не сака ни луѓе.

  3. Никогаш не си доволно богат за да купуваш евтино.

  4. Со будали не ти се исплати да се расправиш.

  5. Довербата тешко се стекнува, а лесно се губи.

Близнаци

  1. Никој не знае што носи утрешниот ден.

  2. Две глави секогаш се попаметни од еден.

  3. Луѓето само се тешат дека квалитетот е поважен од квантитетот.

  4. Љубовта проаѓа, пријателите остануваат.

  5. Досадата е игралиште на ѓаволот.

Рак

  1. Мојата ќука – моја слобода.

  2. Кој чека ќе дочека.

  3. Полесно е да најдеш маана, отколку да ја поправиш.

  4. Многу често паметните луѓе не се сфатени од другите и им лепат етикети дека се луди.

  5. Оние кои никогаш не го менуваат мислењето повеќе се сакаат себеси отколку вистината.

Лав

  1. Подобро да се качиш на врвот на славата отколку да доживееш пропаст.

  2. Убавото однесување е половина успех.

  3. Ако нешто правиш, направи го тоа како треба.

  4. Љубовта која не се покажува доволно – не е љубов.

  5. На лагата кратки ѝ се нозете.

Девица

  1. Трпението и упорноста се клуч на успехот.

  2. Лагата не е зло доколку им прави добро на другите.

  3. Човекот се запознава во три случаеви: при јадење, богатство и пијанство.

  4. Трошењето време на нешто што не се исплати е најголема глупост.

  5. Човек секогаш треба да му верува на мозокот, а ретко на срцето.

Вага

  1. Среќата е поголема ако се споделува.

  2. Дипломатијата е патот кон вистинските победи.

  3. Држењето до принципи понекогаш е глупава работа.

  4. Држи ги пријателите блиску, а непријателите уште поблиску.

  5. Љубовта треба да се докаже на дело.

Скорпија

  1. Ако низ животот не те води страста, тогаш правиш нешто погрешно.

  2. Волкот го менува влакното, но не и карактерот.

  3. Сѐ што вреди треба да се заслужи.

  4. Не познаваш некого додека заедно не изедете кило сол.

  5. Она што нема да те убие, ќе те направи посилен.

Стрелец

  1. Подобро е да плачеш со мудриот, отколку да пееш со будалата.

  2. Вредиш онолку колку што имаш пријатели.

  3. Не се учи на туѓите, туку на своите грешки.

  4. Зборовите не вредат ништо без дела.

  5. Ништо не е тешко кога се сака.

Јарец

  1. Слаб е оној кој не верува или изгубил верба во себе.

  2. Времето е пари.

  3. Лесно е да бидеш генерал после битка.

  4. Правилата постојат со причина.

  5. Човек кој не држи до своите зборови – не вреди ништо.

Водолија

  1. Ако не барам, тогаш тоа не е совет, туку „солење памет“.

  2. Најголема убавина е да живееш како сакаш.

  3. Секој се родил сам.

  4. Љубовта е прекрасна, но и најчеста слабост на луѓето.

  5. Ако посакуваш непријател – позајми им пари на пријателите.

Риби

  1. Зошто да форсираш нешто денес, ако можеш тоа да го направиш утре.

  2. Ветувањата се само пусти зборови.

  3. Во животот најважна е музиката, смеата и солзите.

  4. Вистинската љубов љуби поради туѓите мани, а не доблести.

  5. Тешко е да се разберат другите ако не се разбираш сам себе.