5 животни приципи кои го водат вашиот хороскопски знак низ животот

На некои најважни им се честа и чесноста, за некои пак најважна е нивната лична слобода и независност. Откријте ги животните принципи кои го водат вашиот хороскопски знак низ животот.

Овен

Со мене не ти се исплати да се расправаш.
Подобро е да направиш нешто, отколку подоцна да се каеш што не си направил ама баш ништо.
Човекот секогаш останува млад доколку има млад дух.
Тврдоглавоста не е порок.
Јас не напаѓам, јас се бранам.

Бик

Не сакам ништо туѓо, ниту пак сакам некој да го допира она што е мое.
Кој не сака храна, тој не сака ни луѓе.
Никогаш не си доволно богат за да купуваш евтино.
Не ти се исплати да се расправаш со будала.
Доверба тешко се стекнува, а лесно се губи.

Близнаци

Кој да знае што носи утрешниот ден.
Два ума се секогаш попаметни од еден.
Луѓето само се тешат со тоа дека квалитетот е поважен од квантитетот.
Љубовта е минлива, а пријателствата се вечни.
Досадата е игралиштето на ѓаволот.

Рак

Моја куќа – моја слобода.
Кој чека – ќе дочека.
Полесно е да најдеш маана отколку да ја поправиш.
Паметните луѓе често биле прогласувани за лудаци од страна на другите луѓе.
Оние кои никогаш не го менуваат мислењето, повеќе се сакаат себеси отколку вистината.

Лав

Подобро е да стигнеш на врвот на славата отколку да доживееш пропаст.
Убавото однесување е половина од успехот.
Ако правиш нешто – прави го како што треба.
Не е љубов ако доволно не ја искажуваш и покажуваш.
На лагата кратки ѝ се нозете.

Девица

Трпението и упорноста се клучот на успехот.
Лагата не е зло ако прави добри работи за другите луѓе.
Човекот најдобро се запознава во три случаеви: јадење, богатство и пијанство.
Трошење време на нешто коешто не се исплати е најголема глупост.
Мозокот секогаш ни е потребен, а на срцето ретко треба да му се верува.

Вага

Среќата е поголема кога се споделува.
Дипломатијата е патот кон вистинската победа.
Држењето до принципи најчесто е глупава работа.
Чувај ги пријателите близу, а непријателите уште поблиску до тебе.
Љубовта мора да се докаже.

Скорпија

Ако низ животот не те води страст, тогаш нешто правиш погрешно.
Волкот го менува влакното, но не и карактерот.
Сѐ што вреди мора да се заслужи.
Тоа што нема да те убие ќе те направи посилен.
Не познаваш некој се додека заедно не изедете кило сол.

Стрелец

Подобро е да плачеш со мудриот отколку да пееш со будала.
Вредиш онолку колку што имаш пријатели.
Не се учи од туѓите, туку од своите грешки.
Зборовите не вредат ништо без дела.
Ништо не е тешко ако се сака.

Јарец

Слаб е оној кој не верува или кој изгубил верба во себе.
Времето е пари.
Лесно е да се биде генерал после битка.
Правилата постојат со причина.
Човекот кој не стои на својот збор - не вреди ништо.

Водолија

Ако не го барам,  тогаш тоа не е совет, туку „солење памет“.
Најголема убавина е да живееш онака како што ти сакаш.
Секој од нас се родил сам.
Љубовта е прекрасна, но и најчеста слабост кај луѓето.
Ако сакаш непријател, позајми му пари на твојот пријател.

Риби

Зошто да форсираш нешто денес, ако тоа можеш да го направиш и утре.
Ветувањата се само празни зборови.
Во животот најважни се музиката, смеењето и солзите.
Вистината љубов значи да  ги сакаш и мааните, а не само доблестите.
Тешко е да ги разбереш другите ако најпрво не се разбереш себе.