5 витамини и минерали кои не треба да ги земате пред спиење

Постојат повеќе причини зошто не треба да земате одредени суплементи во текот на вечерта.

Photo by Markus Spiske on Unsplash

На пример, некои од нив содржат кофеин или шеќер, па така би можеле да ви создадат проблеми при спиењето. Друга причина е тоа што дел од нив треба да се земаат со оброк, бидејќи апсорпцијата е така најдобра. 

Ова се додатоци во исхраната кои не треба да ги земате пред спиење. 

Витамин Б

Иако повеќето луѓе ги земаат пред спиење, треба да знаете дека најдобро е да се земаат наутро бидејќи даваат енергија во текот на денот. Сите Б витамини се корисни на тој начин што ја претвораат храната во енергија, а најпознатитот меѓу нив е Б12. Недостатокот од Б12 може да предизвика тага и нервоза. Најдобро е тој да се зема со оброк или пак меѓу оброците, но во текот на денот. 

Мултивитамини

Мултивитамините треба да се земаат дневно, како дополнување на Б витамините. Но, треба да земете предвид дека тие често содржат кофеин, како и коензим Q10, што може значително да влијае на вашиот сон.

Витамин Д

Витаминот Д е најефикасен кога се зема во комбинација со храна. Најдобро е да се зема за време на ручекот.  Исто така, докажано е дека кога овој витамин се зема во големи количини, се намалува лачењето на мелатонин, хормонот на сонот. Тоа веројатно значи дека витаминот Д за нашето тело е знак дека сме изложени на сонце, па затоа ни е тешко да заспиеме.

Витамин Ц

Витаминот Ц е најдобар кога се консумира со вода, па затоа е препорачливо да се зема во комбинација со оброците. Тој не е добар навечер бидејќи може да создаде киселини, особено кај оние кои имаат проблеми со стомакот и желудникот. 

Цинк

Цинкот често е дел од мултивитамините кои ги земаме, но и најефикасен е кога се зема во комбинација со витамин Ц. Тој треба да се зема со оброк и не доцна во ноќта. Освен тоа, цинкот придонесува за подобра апсорпција на железото и калциумот, па затоа е препорачливо тој да се зема во текот на днеот, но никогаш на празен стомак.