5 стресни нешта кои морате да престанете да ги толерирате уште денес

Многу од работите кои ги толерираме ни одземаат многу енергија и нè спречуваат да функционираме ефективно. Не можеме да живееме среќен и исполнет живот, ако ја трошиме енергијата на работи кои не мораме ни да ги толерираме. Понекогаш треба да престанете да го правите тоа.

Одлуката да прифаќате тоа што ви е дадено – не треба да поправате нешто што е скршено. Понекогаш само треба  да започнете наназад и да создадете нешто подобро. За да бидете среќни, морате да се дистанцирате од вашите стари навики, ситуации и односи кои ве прават несреќни. Не прифаќајте нешто само поради тоа што мислите дека морате.

Вашето сопствено негативно размислување –нашиот ум е свето место, но не го прифаќаме тоа. Можеме да ги затвориме неговите прозорци и да престанеме да ја пуштаме светлината внатре, но што постигнуваме со тоа? Само теминина. Секогаш постои нешто што може да ни донесе сјај во животот. Кои се добрите работи кои ги имаме? Можеби имаме толку многу убави нешта што не ги ни забележуваме бидејќи се оптеретуваме со негативните.

Негативното размислување на другите луѓе – ако не се цените себеси, никој не може да ве цени доволно. Ако не се потрудите да се дистанцирате од некои луѓе, тие секогаш ќе ви ја одземаат енергијата. Не морате да ги слушате негативните размислувања на другите луѓе.

Нездравите врски и односи – избирајте ги луѓето околу вас мудро. Да се биде сам не е најголемата несреќа во животот, туку тоа може да биде и поминатото време со луѓе кои ве прават тажни и нерасположени. Не ви се потребни пријатели за да бидете среќни, ниту пак партнер кој само ќе биде декор во вашето излегување. Често, отфрлањето на негативните врски и односи може да биде најдоброто нешто што можете да го направите за себе.

Нечесност – внатрешниот мир е најубавото нешто што можете да си го подарите себеси. Чесноста и искреноста се дел од тоа. Тие се непроценливи. Немојте да бидете нечесни и неискрени, бидејќи тоа ќе ви донесе несреќа на долг рок, но не ги прифаќајте и туѓите лаги и нечесност.