5 совети за слабеење наменети за „мрзливите“ девојки

Посебен режим на исхрана и постојано вежбање се комбинација што гарантира дека одморот ќе го дочекате во суперформа, слаби и стегнати. Но, ако за оваа комбинација ви недостигаат волја и дисиплина, не грижете се. Еве неколку алтернативни начини на слабеење, со кои ќе бидете подалеку од салата за вежбање, но сепак одморот ќе го дочекате шетајќи гордо во омилените парчиња облека!

 

Почестете се со мед

Иако слаткиот нектар нема сосема да го стопи салото во вас, лажичка мед ќе ви помогне вашиот струк да остане тенок и ќе ви биде полесно да ја поминете кризата наречена „ништо слатко“. Често додека се трудиме да останеме фит и да јадеме здрави намирници богати со протеини и добри јаглехидрати, нивото на шеќер во крвта е дури поголемо отклоку кога јадеме колачи бидејќи стресот предизвикува лачење кортизол, кој истовремено го зголемува нивото на шеќер во крвта. Затоа, наместо да се откажете од слатко, дозволете си по малку, но избирајте паметно. Студиите докажаа дека медот е природен антибиотик, кој само мора да се ограничи на 60 до 70 калории дневно.

Дупнете ги ушите

Со акупунктура, не со луксузни обетки. Некои експерти веруваат дека формата на увото е како огледало во кое се отсликува нашето тело, слично како што рефлексологијата работи со точките на стапалата. Некои истражувања покажаа дека акупунктурата исто така влијае на губење тежина (6 килограми) ако иглите се поставени на точките што се поврзани со апетитот.

Внесувајте доволно витамин Д

Во последно време многу се зборува за витаминот Д со оглед на тоа што Американците се во дефицит од него. Овој витамин е потребен за нормална работа на клетките во телото, а влијае и на слабеењето. Иако го нема во доволни количини во ниедна храна, може да се пронајде во млечните производи и во житарките. Исто така, ако внесувате додатоци со Д3, на половина пат сте до слабеење бидејќи се покажа дека витаминот Д игра голема улога во согорувањето на масните наслаги. Витаминот Д исто така  му е потребен на мозокот за стимулација на хормонот серотонин, кој влијае на чувството на среќа, но и за апсорпција на калциумот. Една студија докажа дека 1200 мг калциум заедно со посебен режим на исхрана за две недели прави да изгубите 6 пати повеќе килограми од диета што не вклучува земање калциум.

Јадете повеќе јагоди

Големото ниво на антиоксиданти што го имаат јагодите (како и боровница, брусница и речиси секое јаткасто овошје) го прави ова овошје моќно оружје во борба против килограмите. Кај јагодите голем удел има и витамин Ц, целулоза и калциум. Студиите покажаа дека јагодите поттикнуваат брза работа на метаболизмот, но и го намалуваат апетитот.