5 совети за добро здравје и расположение во текот на постудените денови

Постојано читаме за потребата од здрав начин на исхрана и иако сме свесни дека тоа е добро за нас, постојано го одложуваме градењето на таквите навики.

Но, грижата за здравјето е особено важна во текот на есенските и зимските денови кога времето е постудено и кога минуваме помалку време во природа.

Сепак, постојат неколку едноставни навики кои можеме да ги внесеме во нашата рутина со кои можеме да направиме голема разлика во однос на нашето здравје и расположение.

Додадете суплементи во исхраната

Суплементите се важни особено за витамините и минералите од кои имаме недостаток. Иако е тешко да се избере или точно да знае што ни недостасува, најдобар избор е да почнеме со мултивитамините и омега 3 масните киселини. На тој начин, ќе го подобриме имунитетот, ќе ја подобриме функцијата на мозокот, здравјето на срцето и тн.

Вода со лимон

Водата со лимон е одличен начин за започнување на денот. Тоа е наједноставната навика која можете да ја примените а ќе направи огромна разлика во вашиот живот. Чаша вода со ¼ лимон е одличен извор на витамин Ц, калциум, калиум, магнезиум и тн. Таа помага да се исчисти нашето тело од токсини и има анти-воспалителни ефекти.

Додадете куркума во исхраната

Веројатно често читатете и слушате за куркумата, но постои причина зошто е тоа така. Додадете го овој зачин во оброците кои ги готвите, а мошне брзо ќе ја забележите разликата. Тој е одличен зачин кој ја подобрува функцијата на мозокот, ги чисти токсините и ни помага да бидеме поздрави во текот на зимата.

Конзумирајте јаткасти плодови

Ова е уште една навика која може да направи голема разлика. Не ви е потребно големо количество, туку само една рака јаткасти плодови во текот на денот. Конзумирајте ги како ужина и овозможете си повеќе енергија во деловите од денот кога се чувствувате поспано.

Завршете го денот со зелен чај

Ако го сакате кафето, не можеме да ве натераме да го замените со зелен чај и покрај многуте бенефити од овој чај за нашето здравје. Сепак, тоа што можете да го направите е да испите шолја чај навечер. Тоа ќе го подобри имунитетот, ќе го заштити срцето и ќе му овозможи антиоксиданти на нашето тело.