5 совети како да го зачувате имунитетот оваа зима и да не „прегорите“ за празниците

Зимата со себе носи среќни празници, но и многу вируси. За да останете здрави и да уживате во претстојните празници, послушајте ги нашите совети:

Вежбајте, вежбајте... и вежбајте

Вежбањето индуцира поголема разноликост на микроби во цревата и истовремено го подобрува имунолошкиот состав и варењето на храната. Преку вежбањето создавате опкружување за вашите микроби во цревата, но и за целокупната состојба во организмот. 

„Хара хачи бу“

Јапонската изрека која во превод значи: „Јадете додека не наполните 80%“. Ова е добро начело кое би требало да го следите секој ден, а особено за време на празниците кога често знаеме да претераме. Треба да уживаме, но умерено. Јадете само кога сте гладни, а не секогаш кога некој ќе стави храна пред вас. 

Внимавајте на алкохолот

Ова е време во годината кога има најмногу забави на кои се пие алкохол. Алкохолот може да предизвика оксидативен стрес, воспаленија и нерамнотежа во микробиомите во цревата. Затоа не претерувајте за да останете здрави.

Помогнете му на телото со додатоци и витамини

Не е лоша идеја да му дадете на организмот малку појачување во облик на додатоци во исхраната и витамини. Пробиотиците можат да бидат многу корисни, особено кога патувате па сте изложени на повеќе инфекции. Куркумата има одлично дејство, како и витаминот Ц. Но, пред да земате што и да било, прво консултирајте се со лекар. 

Не заборавајте да се опуштите

Празниците се време на љубов и мир, а не стрес и грижи! Стресот може да му наштети на вашиот желудник, а сигурни сме дека не сакате да бидете болни во најубавиот период од годината! Дишете, медитирајте, отидете на масажа, грижете се за себе! Стресот е непријател број еден и „тивок убиец“ на организмот.