5 совети како да го преживеете ретроградниот Меркур

Денеска почнува ретроградниот Меркур кој ќе трае до 10 март и кој навистина ќе ни донесе тешкотии.

Овој тринеделен период има моќ да го уништи сиот напредок на кој работевме изминатите месеци. Нема да оди ништо според планот, па можеби ќе ви падне телефонот, можеби ќе задоцните на важен состанок, можеби ќе заборавите важна дата.

Еве неколку совети како да преживеете.

Одвојте време за себе

Нема да имате многу трпение за луѓето во овој период. Исто така, ќе имаат и другите ниско ниво на толеранција па затоа избегнувајте ги луѓето колку можете. Ако се гушите во атмосфера со многу луѓе и гужва, најдобро е да останете сами и да ги избегнете ваквите ситуации.

Бидете 100 % искрени

Дали споделувате со другите се што ви се случува во животот, па дури и најобични глупости? За време на овој период, ќе мислите дека сте зависни за споделување на важни информации. Но, наместо да зборувате само за себе, покажете емпатија за другите. Бидете искрени 100%.

Освежете го плакарот

Ослободете се од облеката, чевлите и другите работи кои веќе не ви се потребни. Не ви се потребни стари парчиња кои не ги користите.

Не се врзувајте за погрешни луѓе

Ако личноста која сте ја запознале не е подготвена да ве сака во тој момент, не губете време чекајќи ја. Не давајте шанса на погрешни луѓе. Не им давајте премногу внимание на оние кои не се подготвени да бидат со вас.

Активирајте се

Кога духот ви е немирен, излезете надвор и почнете да тренирате. Со тоа најдобро ќе се соочите со сите токсични емоции и животни притисоци.