5 симптоми на намален имунитет

Како да знаете дека имунитетот ви е намален и треба да се погрижите за негово јакнење? Некои симптоми јасно ќе ви дадат до знаење дека вашата борба со патогените не оди баш како што треба.

Ова се некои од симптомите на кои треба да обрнете внимание:

1. Замор

Хроничниот замор е знак за намален имунитет. Нормално е да се заморите од напорна работа, вежбање или слична состојба за која заморот е карактеристичен. Но доколку сте постојано исцрпени, лесно се задишувате и мали промени влијаат на вашата енергија и расположение, станува збор за намален имунитет.

2. Чести бактериски инфекции

Доколку имате потреба често да посетувате лекар и да пиете антибиотици бидејќи имате воспаление на уво, грло, бели дробови, непца или слично, тоа е знак дека вашето тело не се бори доволно добро против болестите. Треба да знаете како да го зајакнете имунитетот.

3. Чести вирусни инфекции

Дали ве напаѓа секој вирус кој се појавува во вашата околина и мислите дека треба да земете боледување кога некој друг ќе се разболи? Прележувате грип 2 пати годишно, ве мачи херпес, постојано имате воспаление на грло или настинка? Не ви треба друг симптом! Дефинитивно треба да се погрижите за јакнење на својот имунолошки систем.

4. Aлергии

Алергените се уште едни материи кои го напаѓаат вашиот организам. На некои од нив може да сте поосетливи, а на некои помалку, но способноста на телото да се избори со алергените дефинитивно зависи од тоа дали вашиот имунитет е намален или не. Во голем број од случаите алергиските реакции се успешно ублажени или излечени со јакнење на имунолошкиот систем.

5. Тешко зараснување на рани

Еден од симптомите за намален имунитет е и тешко зараснување на рани. Ова обично се поврзува со недостаток на цинк кој овозможува регенерација на клетките во телото и зараснување на рани, иако причините за тоа може да бидат различни и ниедна од нив да не укажува дека вашиот имунолошки систем е беспрекорен.