5 работи кои треба да ги знаеме за депресијата

Во денешно време, депресијата е многу честа меѓу луѓето, а таа не бира пол или возраст. Голем дел од луѓето често не бараат помош, мислејќи дека не е физичка состојба или болест која треба да се лекува, но грешат во тоа.

Ова се неколку работи кои треба да ги знаеме за депресијата.

Таа може да се јави без добра причина

Сигурно некогаш некој ви рекол дека се чувствува депресивно, а вие сте се запрашале зошто е тоа така. Но, клиничката депресија треба да не се меша со тагата и стресот. Таа често се јавува без причина. Кога хемикалиите во мозокот кои го контролираат расположението се во нерамнотежа, доаѓа до појава на непријатни чувства, дури и кога се во нашиот живот е во совршен ред.

Постојат различни причинители

Не е можно да се утврди само една причина, а истражувањата најчесто покажуваат комбинација на повеќе фактори. Често тоа е и спој на генетските предиспозиции и одредени фактори на окружувањето.

Таа е различна и многу посериозна од обичната тага

Тагата е дел од нашата личност, природна реакција на одредени околности. Секој од нас се чувствувал тажно. За разлика од тагата, депресијата претставува психичка болест која има повеќе симптоми кои се различни од тагата и лошото расположение.

Децата не се имуни на депресија

Иако многу возрасни личности би рекле тој/таа е дете, не може да биде во депресија, сепак и децата можат да страдаат од депресија. Причините за тоа се различни.

Депресијата се лечи

Со помош од страна на докторите, депресијата може да се излечи. Многу голем проблем настанува кога таа не се третира и не се преземаат никакви чекори за справување со неа.