5 работи кои науката ги поврзува со карциномот

Photo by Anna Sullivan on Unsplash

Некои типови на карцином се надвор од наша контрола, а тие често се поврзани со генетските предиспозиции.

Но, треба да знаеме дека постојат одредени фактори и штетни материи кои дополнително го зголемуваат ризикот од оваа опасна болест. 

Што вели науката?

За жал, според научните предвидувања, во следните 50 години, речиси секоја трета личност ќе заболи од рак, но доброто е тоа што во повеќе од 30 % од таквите случаи, ризикот може да се намали ако избегнуваме одредени работи.

Шеќер

Photo by Myriam Zilles on Unsplash

Научниците истакнуваат дека претераното количество на шеќер не само што влијае на телесната тежина и настанувањето на дијабетесот, туку и активно ги оштетува клетките и предизвикува рак. Новите истражувања докажуваат дека шеќерот придонесува за раст на туморот во телото бидејќи ракот го користи рафинираниот шеќер како горво. 

Преработена храна

Photo by Kyle Brinker on Unsplash

Секоја храна која доаѓа во пластично пакување, индустриски е затворена и е направена за да трае со месеци. Ваквата храна можеби е брзо решение кога сме гладни, но таа значително го зголемува ризикот од рак. Овие намирници често содржат конзерванси, односно штетни нитрати, кои прават штета на клетките и создаваат болести како што е ракот.

Цигари

Photo by Andres Siimon on Unsplash

Не постои сомнеж дека цигарите се канцерогени. Притоа, не се изложени само пушачите, туку и оние кои се во нивна непосредна близина, пасивните пушачи кои се изложени на пушењето во домот. Цигарите се најчести причинители на ракот на дојка и ракот а дебелото црево, а под голем ризик се оние кои пушат повеќе од една кутија дневно.

Издувни гасови и загадување од воздухот

Photo by Maxim Tolchinskiy on Unsplash

Научниците утврдиле дека издувните гасови, односно дизелот на моторите предизвикува рак, а истото не е потврдено за бензините. Во текот на зимата, нашиот град е особено загаден, а тоа значително влијае на ризикот од заболување од рак. 

Азбест

Photo by Alwan Ibrahim on Unsplash

Изложеноста на азбест во големи количини може да предизвика рак, особено кај луѓето кои се често изложени и на високи концентрации. Иако денес е забранет, азбестните кровови и фасади сè уште се дел од многу објекти.