5 работи кои децата секогаш ги паметат за своите родители

 

Децата паметат многу работи и она што го доживуваат во детството го обликува нивниот живот во зрелоста и нивниот однос со себе и со другите.

Сепак, овие пет работи тие секогаш ќе ги паметат за своите родители:

Моментите кога се чувствувале безбедно (но и несигурно) поради нивните родители

Децата се многу чувствителни и додека се мали постојано чувствуваат потреба да бидат заштитени. Сигурно ќе се сетат како бркавте чудовишта под креветот и ги гушкавте по кошмарите. Ќе ги паметат и моментите кога сте им викале, а не сте биле во право. 

Моментите кога сте целосно посветени на нив

Велат дека кога детето постојано ве повикува да си играте со него, добива премалку родителско внимание. Кога ќе оставите сè, и садовите, и алиштата и телефонот и ќе се посветите на вашето дете, тоа ќе го почувствува тоа. Ова се моментите кога ќе создадете спомени. Нивните спомени кои веројатно ќе се паметат цел живот.

Начинот на кој разговарате со вашиот сопружник

Најдобар начин да го научите детето што е љубов е да се однесувате кон партнерот со љубов и почит. Начинот на кој се однесувате со него длабоко ќе влијае на нивното однесување во иднина. Вие го поставите стандардот за тоа, што е нормално, прифатливо и неприфатливо однесување.

Ваши зборови на поддршка, но и критики

Детските психолози истакнуваат дека постојаното кажување „браво“ не им помага на децата. Може и да им наштети. Сепак, не е добро и кога недостигаат зборови за поддршка. Тоа се зборови кои им ја зајакнуваат самодовербата и вербата дека можат да го постигнат тоа што го сакаат. Вашата критика може уште повеќе да се памети. Ова се зборови кои болат и ако сте груби, тоа ќе влијае на нивниот однос кон вас и кон себе. 

Вашите семејни традиции

Начинот на кој го славите Божиќ веројатно ќе биде начинот на кој вашето дете ќе сака да го слави кога ќе порасне. Преку семејните традиции стекнува убави спомени кои сака да ги повтори. На крајот на краиштата, децата сакаат предвидливи работи. Создадете свои сопствени традиции на славење родендени, одмори и погрижете се тие да останат убави спомени