5 причини зошто ве чува во близина иако не сака врска

 

Раликата меѓу целосната посветеност во една врска и лошиот тајминг е многу голема. Затоа често и се прашуваме до каде дојдовме во во оваа врска? Каде застанавме?

Првите денови или месеци од секоја романса се возбудливи. Запознавањето, заљубувањето, заедничките  мигови и уживањето во силната привлечност се дел од забавата. Но, по некое време сите се запрашуваме каде води сето тоа, дали нашата врска има иднина или залудно вложуваме толку време и енергија во нешто што не води никаде.

Пријатели сте и не сака да ве изгуби

Малку е збунувачки ако некој рече дека не сака врска, а ужива во времето поминато со вас. Една од причините зошто личноста со која се гледате ви го кажала ова можеби е несигурноста целосно да ви се посвети како романтичен партнер. Секако, можеби ви е забавно заедно, делите заеднички интереси, хоби, се надополнувате на разни начини, но дали сето тоа е доволно да се одржува хемијата и да се разгори искрата во врската во траен оган? Доколку одговорот на ова прашање е не, тогаш она што е потребно за оваа врска е отворен разговор кој ќе го смени текот на врската во едно одлично и искрено пријателство.

Се плаши да се обврзе

За жал, живееме во општество каде што многу луѓе се плашат од сериозни врски и обврски. Дури и кога е присутна искрата, не им е лесно на сите да се посветат таа да се разгори. Стравот кој се наметнува може да е последица од повеќе причини: надминување на тешка врска од минатото, страв дека врската ќе го одзема целото време и енергија. Но, како што поминува времето, потребата за посветеност се зголемува. Таа не мора да биде избрзана или под притисок. Кога е искрена, со тек на време станува дел од природниот напредок на една доверлива љубовна врска.

Тој гледа потенцијал во врската, но не е спремен

Посветеноста и подготвеноста во една врска се две различни прашања кои ја засегаат иднината на една врска. Посветеноста е работа, вложен труд, јасна комуникација и желба да се надминат сите проблеми и недоумици во една врска, додека пак подготвеноста, сепак, е прашање на време. 

Не сака да биде сам

За разлика од претходните причини кои имаа романтична нишка, оваа повеќе се јавува кај луѓето на кои им недостасува храброст да кажат дека не сакаат врска и да ги завршат работите чесно. Стравот да бидат сами ја надминува интуицијата дека врската не е во ред и уживаат во удобноста да имаат со кого да го поминуваат слободното време и да избегаат од осаменоста.

Чека подобра прилика

Стравот да се биде сам е простлив. За многу луѓе тоа е несвесен процес. Но, што ако ве држи до вас знаејќи дека никогаш нема да сака врска? Што ако еден ден „откриете“ дека има нова врска без да каже ништо, или нагло ја прекинува врската со вас? Ако се сомневате дека е така, само потсететесе дека има многу, многу луѓе кои ќе ја видат вашата вредност и ќе ве изберат не како подобра, туку како единствена опција.