5 причини зошто тиквата треба да биде ваше омилено есенско овошје

Есента ни носи многу мириси и убави вкусови, а тиквата е еден од нив.

Таа е одличен додаток во нашата исхрана не само поради одличниот вкус, туку и поради тоа што има малку калории, а нуди и многу бенефити за нашето здравје.

Богата со витамин А

Само една шолја од пире од тиква содржи околу 200% од препорачаната дневна доза од овој витамин кој е одличен за здравјето на очите. Убавата боја на тиквата доаѓа од високата концентрација на бета-каротен, а тој е одличен и за заштита од сончевите зраци и за одржување на нашата кожа да биде свежа и младешка.

Богата со витамин Ц

Тиквата е и одличен извор на витамин Ц, антиоксидант кој е одличен за имунолошкиот систем, но и лачењето колаген. Освен тоа, тој е добар за кожата но и како одлична поддршка за апсорпцијата на железото. Само неколку парчиња тиква содржат повеќе од 20% од дневно препорачаната доза на овој витамин.

Брзо заситување, со малку калории

Препорачаната доза за внес на природни влакна е меѓу 25-35 во текот на денот, но повеќето од нас не ја внесуваат оваа количина. Тиквата е богата со природни влакна и само неколку парчиња тиква содржат дури 7 грама. Тоа придонесува за брзо заситување и намалување на апетитот, но со многу малку калории. Природните влакна се потребни за здраво варење, го намалуваат холестеролот и нè држат сити подолго време. 

Одлична за мускулите (и пред спиење)

Тиквата содржи и магнезиум, минерал кој е значаен за многу функции во нашето тело, како создавање енергија, релаксација на мускулите и регулација на нервниот систем. Затоа, јадењето тиква после вежбањето е одлично за опоравување од физичката активност.

Магнезиумот е особено важен за луѓето кои се активни, но и супер решение за опуштање пред спиењето. Само неколку парчиња тиква содржат околу 15-20 % од дневно препорачаната доза од овој минерал.

Повеќе калиум од бананите

Тиквата е богата и со калиум, минерал кој е одличен за контракција на мускулите, добро варење, баланс на водата и нормален крвен притисок. Една шолја пире од тиква содржи дури 500 мг калиум и тоа многу повеќе од една голема банана.