5 прашања кои ќе ви помогнат да го откриете вистинскиот карактер на секоја личност

Во животот, сите сакаме да бидеме слушнати и ценети. Сакаме луѓе околу нас кои ќе сакаат да ги слушнат нашите приказни и да ни постават прашања кои другите не ги поставуваат. Сакаме да бидеме разбрани, а голем дел од луѓето немаат време за тоа, ниту пак некаков посебен интерес.

Психологот Мишеле Роја Рад има неколку совети за да ги разбереме подобро луѓето околу нас.

Луѓето сакаат добри слушатели, и постојано се жалат дека такви луѓе нема околу нив. Голем дел од луѓето сакаат само да зборуваат и немаат некоја посебна навика да ги слушаат другите. Сепак, треба да научиме вештини да ги слушаме луѓето  и вистински да ги разбереме.

Ова се 5 прашања кои можете да им ги поставите на луѓето околу вас за да го откриете нивниот вистински карактер.

Кое е твоето животно мото или филозофија по која живееш?

Одговорот на ова прашање ќе ви даде одговор за каква личност станува збор – дали е таа песимист или оптимист, колку верува во себе, колку верува во можностите кои и се пружаат во животот. Тоа е вистинско прашање за го откриете нивниот поглед кон светот.

Што е твоето омилено нешто за себе?

Ова ќе го покаже нивното ниво на самодоверба. Ако тие не можат да наведат ништо, тогаш станува збор за луѓе кои не се ценат и почитуваат себеси многу. Ако пак дадат одговор, тоа ќе ви го покаже мислењето кое го имаат за себе.

Кој е најдобар период од твојот живот?

Со ова ќе покажете интерес за нивниот живот и случувањата во него. Тоа ќе ви помогне и да навлезете во нивното минато и да дознаете повеќе за нив.

Кој е твојот најголем сон?

Многу луѓе имаат големи соништа и цели,но се плашат да ги споделат со другите или пак сметаат дека другите не се заинтересирани да ги ислушаат. Покажете интерес за нив, можеби ќе им помогне да го остварат тоа што го имаат на ум.

Што е твоето најголемо достигнување?

Дозволете им да ги споделат своите достигнувања, да споделат со вас што сакаат кај себе и што сметаат за свој најголем успех.