5 нешта кои ќе се случат доколку пиете зелен чај секој ден

Зелениот чај според многу нутриционисти е најдобриот чај кој можете да го изберете за подобрување на здравјето и општата благосостојба. Во Кина тој се употребува повеќе од 5000 години, а позната е и кинеската поговорка позната како „подобро три дена без храна, отколку еден ден без чај“. Употребата на овој чај нуди многу бенефити за нашето здравје.

Ќе се чувствувате поенергично

Зелениот чај содржи кофеин кој дава чувство на енергија, која е многу подобра од онаа која ја добивате за разлика од пиењето кафе или други пијалоци кои содржат кофеин.

Ќе се чувствувате порелаксирани

Состојката која се наоѓа во овој чај наречена ЕГЦГ придонесува за подобрување на чувството на смиреност и намалување на нивоата на стрес.

Подобрување на меморијата

Само 1-2 шолји чај придонесува за зголемување на поврзаноста на деловите на мозокот кои се одговорни за меморијата. На долгорочно ниво, редовното конзумирање на зелен чај го намалува ризикот од губење на меморијата и заболување од деменција.

Намалување на телесната тежина

Само една чаша зелен чај дневно придонесува за забрзување на метаболизмот, што придонесува за брзо намалување на вишокот килограми.

Помал ризик од грип и настинки

Секоја шолја чај е богата со состојки кои придонесуваат за зајакнување на имунитетот. За најдобар ефект, додадете малку лимон кој е одличен додаток на витамин Ц на зелениот чај.