5 нешта кои ги научивме од нашите силни мајки

Ќе се сложиме дека поврзаноста со нашите родители е силна, бидејќи тие се единствените кои секогаш во секоја ситуација го сакаат најдоброто за нас. Не постои ништо посилно од врската на една мајка со нејзината ќерка.

Што научивме од нашите силни мајки додека растевме?

Научивме да се сакаме себеси

Учиме како да си отидеме од луѓето кои не се за нас, кои не нѐ сакааат доволно и научивме како да се сакаме себеси и тогаш кога целиот свет е против нас и кога никој не верува во тоа што го правиме. Научивме дека лошите оценки, скршеното срце и неуспесите не нѐ прават тоа што сме, туку како стануваме и се исправувавме назад соочени со нештата кои се обидуваат да нѐ соборат.

Научивме што значи безусловна љубов

Ги гледаме своите мајки како го жртвуваат своето време и здравје за нас и нашите браќа и сестри. Но, тие никогаш не се жалат за тоа. Напротив, со тоа се носат со насмевка на нивното лице, без оглед на напорот кој го вложуваат. На тој начин, тие нѐ научија каква е безусловната љубов и дека никаде на светот нема да најдеме љубов како оваа.

Научивме како да бидеме независни

Со текот на годините научивме дека не ни е потребен спасител. Можеме да живееме среќен  и успешен живот, без да мораме да зависиме од друга личност. Научивме да ја цениме љубовта и пријателството кога ги имаме, да ги сакаме оние луѓе кои ни даваат љубов, а да научиме да живееме без оние кои не ни носат вистинска среќа. Научивме да готвиме, да се грижиме за домот, за себе.

Научивме дека тоа што не нѐ убива, нѐ прави посилни

Научивме дека понекогаш нашето мислење ќе биде исмевано, научивме дека секогаш ќе бидеме сметани за слаби  и дека ретко ќе бидеме сфаќани сериозни. Но, исто така научивме да го живееме својот живот борејќи се за тоа во што веруваме, секогаш слушајќи ја интуицијата и потпирајќи се на нашиот внатрешен глас. Научивме дека не е лесно да се биде жена.

Научивме како да бидеме среќни

Научивме дека среќата е во малите нешта. Научивме дека можеме да ја најдеме и во најтешките моменти, дури и тогаш кога го имаме сиот свет нас нас. Нашите мајки не научија дека секогаш можеме да најдеме причлина за насмевка.