5 намирници кои го поттикнуваат лачењето на хормонот на среќата

Храната која ја јадеме има огромно влијание на нашето расположение, задоволство и радост. Бројни истражувања покажуваат дека постои среќна храна, односно намирници кои го поттикнуваат лачењето на хормонот на среќата.

Овес

Овој производ спаѓа во групата на корисни јагленохидрати, бидејќи има смирувачко дејство на нашиот мозок. Оваа здрава житарка е извор на сложени јагленохидрати која го поттикнува и лачењето на триптофанот – аминопропионска киселина од која се синтентизира серотонинот.

Така, убава навика е да го почнете денот со каша овесни снегулки со шумско овошје.

Банани

Бананите се една од највкусните намирници кои можете да ги јадете, а кои придонесуваат за зголемување на лачењето на хормонот на среќата. Бананите го поттикнуваат создавањето триптофан, а освен тоа содржат и витамини А, Ц, К и Б6 кои се главни компоненти вклучени во синтезата и метаболизмот на невротрансмитери како што се серотонин и допамин. Бананите се богати и со природен шеќер, така што тие му даваат сила и енергија на нашето тело.

Јајца

Многу луѓе се трудат да јадат помалку од оваа храна, бидејќи се плашат од зголемувањето на холестеролот во крвта. Но, научниците докажуваат дека јајцата не штетат, туку напротив, се корисни. Конзумирањето јајца му помага на телото да лачи триптофан и витамин Б6, кои се неопходни за продукција на серотонинот.

Чоколадо

Сигурно ќе се израдувате што чоколадото е на листата на среќни состојки. Сега можете со причина да уживате во ова слатко задоволство. Освен тоа што е одлична за зголемување на лачењето на среќата, чоколадото содржи и ексорфин, природно средство за ублажување болки, како и теобромин, состојка која е слична на кофеинот а ни дава енергија.

Ананас

Често забораваме колку ова егзотично овошје е корисно за нашето здравје. Ананасот ја смирува анксиозноста и има противвоспалителни својства. Освен тоа, тој е богат со витамин Ц, кој е корисен за циркулација на крвта, помага за подобра концентрација и полесно извршување на задачите.

Освен тоа, ананасот е совршен избор за вечера, бидејќи на нашето тело му помага да лачи мелатонин, хормон на сонот.