5 намирници богати со железо

Железото е минерал кој во организмот игра многу важна улога, а особено е значаен бидејќи со негова помош се пренесува кислородот низ организмот. 

Станува збор за важен минерал кој се внесува претежно преку исхраната, а препорачаната дневна доза е 18 мг.Недостатокот на железо во нашиот организам предизвикува анемија чии главни симптоми се замор, омалаксаност, а некогаш и депресија. 

Ова се 5 намирници кои ќе ви помогнат да го зголемите внесот на железо и да го подобрите своето здравје.

Семки

Поголем дел од семките се  вкусна и здрава ужинка. Освен тоа, тие се и одличен извор на железо. Овој минерал е присутен во лененото семе, семките од сончоглед и тиква, како и чиа семето.

Спанаќ

Спанаќот содржи малку калории, а многу здрави и хранливи состојки во себе. Во 100 гр спанаќ се наоѓаат 3.6 мг железо. Освен тоа, спанаќот е богат и со антиоксиданти кои ги уништуваат воспалителните процеси во нашето тело и спречуваат многу болести.

Јаткасти плодови

Сите ги сакаме јаткастите плодови. Освен што се особено вкусни, тие се и вистинска енергетска бомба. Во 100 гр бадеми можеме да најдеме дури 4.7 мг железо, а во индиските ореви дури 3.7 мг од овој нутриент.

Црвено месо

Црвеното месо е намирница која многумина се трудат да ја избегнуваат, но треба да се знае дека 100 гр. од ова месо содржи дури 15 % од препорачаната дневна доза железо. Освен тоа, месото е богато и со протеини, цинк, селен и витамини од Б групата.