5 лекции кои една 43-годишна жена ги научила за љубовта

Имаме лоша вест: Љубовта не е тоа што веруваме дека е. Таа не е долга страст или романса и не постои една личност која е наша сродна душа која постојано ќе го исполнува нашето срце со задоволство и радост.

Тоа е лошата вест.

Но, добрата вест е тоа дека љубовта е вистинска.

Таа е комплицирана, но и убава. Таа е патување, а не цел. Не постои некаде каде треба да ја најдеме и да ја имаме. Таа постои во нашето срце.

Ова се неколку работи кои една 43 годишна жена ги научила за љубовта.

Сродна душа не постои

Секој од нас е на свој пат, на кој среќаваме многу луѓе кои ги збогатуваат нашите животи и кои чекорат заедно со нас. Некои од тие луѓе остануваат со нас цел живот, некои се со нас само одреден број денови, месеци или години. Убавината е во тоа што секоја личност може да не научи на нешто, за животот, но и нас самите. Дури и оние кои највеќе ќе не повредат, ќе ни донесат важни лекции.

Постои личност која е вистинска за нас, во еден момент

Таа личност постои и многу често ќе ја најдеме, но мораме да ја негуваме љубовта. Да вложуваме, да даваме, да се разбираме. Љубовта не постои сама од себе, и треба храна за да преживее.

Не постои услов за љубовта

Секој може да биде сакан, но ако чувствуваме дека треба да се промениме дека треба да бидеме сакани, тоа е голем услов. Таа личност не не сака онакви какви што сме, туку какви што можеме да бидеме. Најважно е да се сакаме прво себеси, да се прифатиме онакви какви што сме, да се трудиме да бидеме подобри, но и да не се менуваме поради другите.

Можеме да сакаме повеќе луѓе

Една од најголемите заблуди е тоа што мислиме дека во животот можеме да сакаме само една личност и се ограничуваме себеси со тоа.  Љубовта дава љубов, отвореното срце ја создава љубовта. Можеме да сакаме многу луѓе, од различни причини.

Не сте секогаш самите вие проблем

Ако сте искрени, предаднеи и добри, и тој некој ви го скрши срцето, не значи дека проблемот е во вас. Тоа значи дека таа личност не се грижи доволно за вас и вашите чувства.