5 идеи за здрави оброци со мед во кои ќе се вљубите ова лето

Медот е една од најздравите состојки. Тој е лесно достапен во нашата земја, а помага на следниот начин:

  • Го подобрува имунитетот
  • Делува против воспаленија
  • Дава убав изглед на кожата и косата
  • Го штити здравјето на забите
  • Природна, а со тоа и подобра замена за белиот шеќер
  • Помага при слабеење

Ако ви се допаѓа овој вкус, ова се неколку идеи за здрави оброци во кои ќе уживате, а и ќе го подобрите своето здравје.

Појадок со праски, мед и ореви

Потребни состојки:

2 праски

4 лажици грчки јогурт или обично кисело млеко

1 лажица мед

40 гр сецкани ореви

малку цимет

Измијте ги и исецкајте ги праските на мали парчиња, а потоа додадете ги оревите. Дополнете со јогуртот и полијте со малку мед и цимет.

Рен, мед и лимон за намалување на телесната тежина

Оваа комбинација е одлична за намалување на телесната тежина, а поради својот состав (витамин Б, калиум, фосфор, витамин Ц, железо и магнезиум), таа претставува енергетска бомба за нашето тело.

Потребни состојки:

100 гр рен

2 лимони

2 лажици мед

Ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте. Доколку не се блендира добро, претходно ренот исецкајте го убаво, а дури потоа додајте го. Лимонот треба да биде непрскан и чист за да го искористите цел, а доколку немате информации за неговото потекло, најдобро е да е излупен. Земајте по една лажица наутро и навечер во период од неколку недели.

Јаболкa со мед и бадеми

Потребни состојки:

3 јаболки

една рака бадеми

2 лажици мед

Излупете ги јаболките добро и исецкајте ги на четири парчиња. Ставете ги во сад, а потоа додадете ги бадемите и на крајот попрскајте ги со мед. Ставете ги во микробранова печка околу 7 минути, или пак 10-15 минути во рерна. Ова е сладок десерт во кој ќе уживате без грижа на совест.

Гурмански сос од мед и сенф

Потребни состојки:

1 лимон

50 гр сенф

100 мл мед

15 мл соја сос

Во мал сад ставете ги сите состојки. Измешајте добро. Ова е сос кој можете да го сервирате со риба или месо, но и со чипс и други ужинки.

Брускети со крем сирење, круши и мед

Потребни состојки

4-5 парчиња двопек или потпечен леб

5-6 лажици крем сирење или грчки јогурт

2 лажици мед

3 круши

Подгответе ги брускетите, а потоа намачкајте ги со крем сирење или грчки јогурт. Наросете малку јаткасти плодови, додајте парче круша и додајте мед. Уживајте во убавиот појадок.

Овој текст е напишан како поддршка на иницијативата на UM Скопје за подигање на свеста за важноста на пчелите и пчелните производи, во рамките на UM Impact Day