5 главни разлики помеѓу врските од минатото и денешните врски

Исчекувањето да заѕвони фиксниот телефон, долгите прошетки, очекувањето да падне бакнеж – тоа се само некои од обележјата на љубовните приказни кои се случувале во минатото кое и не е така далечно.

Во последните неколку децении се случија многу промени во областа на врските, а ова се само некои од нив.

Дефиниција – Не толку одамна, паровите не морале да го дефинираат односот. Работите биле јасни: кога двајца ќе се бакнат, тие стануваат пар. Денес во оптег има многу можности: „мувања“, комбинации, опуштено гледање... И често кога двајца ќе почнат да се гледаат има многу недоразбирања во однос на тоа на кое ниво е нивната врска.

Додворување – Еден месец излегување и бакнеж; два месеци па мазење; три месеци, па дури тогаш секс. За денешните генерации ова сценарио делува смешно. Сѐ е многу побрзо, а сексот на првиот состанок некако станува правило, а не исклучок.

Плаќање – Порано се знаело дека мажот кани на состанок и тој плаќа. Денес крајот на состанокот може да биде непријатен со тегнење околу сметката, станување од маса со изговор дека се оди до тоалет па тогаш се плаќа сметката, па се до конечниот договор секој да си го плати својот дел.

Комуникација – Чекањето да заѕвони фиксниот телефон и неможноста во секој момент да се добие оној кој ни се допаѓа си имаше свој шарм, затоа што така растеше и копнежот. Денес со оние кои ни се допаѓаат разменуваме безброј пораки и во тоа море повеќе нема простор за какво било исчекување. Но, има и недоразбирања, затоа што помеѓу сите тие смајлиња, голема е можноста некој нешто погрешно ќе протолкува, особено на почетокот.

Интернет – Денес можеме да провериме секого и со тоа си создаваме илузија на сигурност, но истовремено стануваме и параноични. Освен тоа, се губи шармот на бавното запознавање и откривање на личноста, затоа што нам сѐ ни е сервирано на Инстаграм и Фејсбук. Сѐ е тука: од политички ставови, до пријатели, до вчерашната вечера. Почетокот на состанувањето отвора идруги прашања од типот на тоа кога ќе објави другата страна заедничка слика, кој треба прв да го направи тоа, дали официјално да се обзнани врската на профил и слично.

cheap nike air max 90