5 добри причини зошто да испиете чаша пиво овој викенд

Умереното конзумирање алкохолни пијалоци е одлично за здравјето. Некои од неодамнешните истражувања се обидоа да го утврдат ефектот на пивото на нашето здравје и дојдоа до следните податоци:

Ги јакне коските

Луѓето кои умерено конзумираат пиво, односно пијат 2 мали чаши пиво дневно имаат појаки коски од оние кои не го прават тоа. Тоа го покажуваат резултатите на студијата на Националниот колеџ за природна медицина од Орегон.

Умереното конзумирање пиво особено им се препорачува на жените во менопауза, бидејќи тие се соочуваат со поголем ризик на заболувања и проблеми со коските.

Има антивоспалителни својства

Пивото е одличен извор на витамини и минерали, како мангезиум, калциум, селен. Освен тоа, содржи и антиоксиданти кои го јакнат имунитетот. Според многу експерти, пивото е намирница која рамноправно се носи со многу здрави намирници како што се спанаќот, маслиновото масло, блитвата и руколата. Тоа е благодарение на неговата главна состојка – хмељот.

Ја разубавува кожата

Пивото е одличен извор на витамин Б комплекс ( тиамин, рибофлавин,ниацин, пантотенска киселина, пиридоксин, биотин, фолна киселина и кобаламин) кој е задолжен за убава  и стегната кожа. Тоа помага и во одржување на тонусот на мускулите.

Во Стариот Египет, богатите жени со пивото ја миеле својата коса, така што таа станувала посјајна и поубава.

Го уништува пролетниот замор

Се чувствувате уморно и раздразливо? Веројатно патите од последица на пролетниот замор, што меѓу другото  е и поврзано со недостаток на железо во крвта. Тоа тешко се апсорбира од храната, па треба да се зема на други начини. Црното пиво е одличен избор токму поради тој минерал.

Според нутриционистите, пивото е богат извор на витамините Б, а особено Б12 кој е одговорен за црвените крвни зрна. Некогаш во Ирска на децата им давале по 1 до 2 лажици Гинис пиво токму поради тоа, како лек.

Го штити срцето

Умереното пиење пиво го зголемува количеството добар холестерол, го намалува нивото на лошиот холестерол и го намалува ризикот од срцев удар. Една италијанска студија покажала дека оние кои пиеле барем 1 чаша пиво дневно се соочувале со намален ризик за 42% од кардиоваскуларни болести.