5 чекори за полесно мајчинство!

Да се биде мајка е една од најпрекрасните работи на светот. Мајчинството е нешто коешто ве променува од корен и откако ќе ги држите тие прекрасни бебиња во вашите раце, ништо нема да биде исто. Ќе биде поубаво.

Секако, потребно е многу трпение и сите родители се соочуваат со многу предизвици во процесот на воспитување на децата. Понекогаш, едноставно сте преплавени во хаосот околу вас и не знаете како да реагирате. Викање на една страна, плачење на друга. Што да се направи?

Секојпат кога ќе се соочите со таков хаотичен момент, следете ги овие неколку чекори кои ќе ви помогнат да се смирите и да останете прибрани и рационални, без да им викате и да им се дерете на децата, а потоа да имате грижа на совест:

1. Влезете во тоалет или во празна соба и дајте си одишка неколку минути.
2. Најдете некој ритуал што ќе ви помага да ја исфрлите негативната енергија. Може да броите до 10, да пеете некоја песна... се што ви прави да ви биде полесно.
3. Кажете си: „Ова е живот“. Ако не е ова, ќе се справувате со нешто друго. Кажете си: „Ова е нормално. Јас ги сакам повеќе од се.“
4. Потсетете се себеси дека не сте беспомошно, мало дете. Кажете на глас: „Јас сум зрела личност, јас ја имам контролата, јас можам да се справам со ова. Од мене зависи создавањето на семејната атмосфера којашто ја сакам.“
5. Откако ќе се опуштите, излезете од собата или тоалетот. Потоа, седнете заедно со семејстото и кажете што сакате, кои ви се очекувања и што ви е важно. Поставете здрави граници.

Повторувајте ги овие чекори колку што ви е потребно. Ако треба и секој ден.

Верувајте дека се ќе биде полесно.