5 будистички мудрости за убав ден

Овие мудрости доаѓаат од будистичките  свештеници и имаат за цел да ви донесат среќа, здравје и благостојба.

Внимавајте што внесувате во себе

Бидете особено внимателни во однос на тоа што го јадете и пиете. Бидете благодарни кога имате здрава храна во својот дом. Исто така, внимателно размислете кои материјални работи ви се потребни. Длабоко здивнете, размислете и ќе видите дека имате доволно. 

Обрнете внимание и на информациите кои ги впивате. Дали ви помагаат да сте среќни и да дишете спокојно или ве вознемируваат?

Застанете и здивнете

Животот е напорен особено бидејќи живееме брзо и без паузи. Но, најдете си неколку секунди на тишина за себе во текот на денот и застанете. Размислете и здивнете.

Истото направете го и за зборовите пред да ги кажете. До каде ќе ве донесат таквите зборови? Што ширите околу себе – раздор или љубов?

Слушајте ги внимателно другите луѓе околу вас. Имајте ја моќта за добра комуникација.

Вежбајте благодарност

Многумина ќе речат дека полесно е да се каже отколку направи, но ако редовно вежбате благодарност за оние работи кои ги имате, тоа ќе ве поврзо подобро со тоа што го имтате. Бидете благодарни и за убавите и лошите мигови. 

Живееме во немирни времиња кога не може секогаш да ни е добро, но некои мигови носат важни лекции. Немојте да сте негативни и да се држите долго до нив. Се случиле, земете ја лекцијата со себе, а пуштете ги позади себе.

Негувајте емпатија и љубезност

Бидете добри кон другите, особено оние во вашето окружување. Набљудувајте како се однесуваат и како се чувствуваат. Ако не можете да помогнете во некоја ситуација, бидете тука за таа личност, покажете и дека слушате, дека сте тука за поддршка. 

Прифатете ги промените

Промените се важен дел од нашиот живот. Не можеме да ги избегнеме. Наместо да бегате од нив и да им се спротиставувате, прифатете ги и прилагодете ги на текот на својот живот.

Можеби изгледаат страшно на почетокот, но не заборавајте дека тие носат важни нови можности.