
49-годишен жител на Гостивар се здобил со повреди при пад од мотоцикл во близина на црквата „Св. Петка“ во Гостивар.
Од МВР информираат дека вчера во 12:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено од Медицинскиот центар Гостивар дека кај нив за лекарска помош се јавил Х.С.(49).
Според пријавеното, тој се повредил при пад од мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки. По извршените проверки било утврдено дека Х.С. го управувал мотоциклот без положен возачки испит.
По насоки на јавен обвинител, мотоциклот бил одземен, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.