49-годишник од Неготино со „голф“ удрил во паркирано возило, тројца повредени

Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во Неготино, патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот С.П. од Неготино, удрило во паркирано патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 55-годишниот Љ.Т. од Неготино, извести МВР.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.П., а неговите сопатници А.П.(43) од Охрид и З.А.(48) од Неготино се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино“, соопшти МВР.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.