СОКОМ го најави 48-то издание на фестивалот Денови на македонска музика Days of Macedonian Music Festival кое ќе понуди разновиден избор на современи дела, премиери и автори, селектирани од годинашниот куратор, композиторот Филип Иванов.
17 март – 8 април 2025
Скопје | Локации: Филхармонија, Музеј на македонската борба, Национална опера и балет
9 концертни вечери, 30 македонски композитори, 3 авторски јубилеи, 7 ансамбли и повеќе од 30 солисти
Деновите на македонска музика повторно ќе отворат прашања за релациите меѓу локалното и глобалното, традицијата и современиот израз.
Оваа симбиоза ќе биде претставена преку селектираните дела, но и преку интернационални соработки и гостувања што ја ставаат македонската современа музика во поширок контекст.
Програмата на ДММ2025 го нагласува континуираниот развој на современата композиторска мисла, притоа истакнувајќи ја нејзината динамичност и способност да се прилагоди на современите музички текови.