
Повторно прегазен пешак на скопска улица. Жена се здобила со тешки повреди.
- На 16.01.2026 во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војвода Васил Чакаларов“ во Скопје, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(52) удрило во 48-годишната Р.Д., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.