48-годишен работник повреден во рудник во Крива Паланка

Работник во рудник во Крива Паланка се здобил со повреди на работното место. Среде ноќ бил пренесен во болница. 

Според полицискиот билтен, денеска во 02:55 часот по полноќ во ОВР Крива Паланка, од Здравствен дом Крива Паланка било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош бил донесен М.Д.(48) од село Киселица, кривопаланечко.

Според пријавеното, тој се здобил со повреди при извршување работни задачи во рудник во Крива Паланка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.