
Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 15:00 часот на улица „Браќа Капчеви“ во Велес, А.А.(47) од Велес, управувајќи мопед „кимко“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во полицискиот билтен се наведува дека при несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.