46-годишник со закана принуден да потпише фактури на голема сума пари

45-годишник од с.Селемли, Општина Богданци, пријавил случај на закана и принудување за потпишување две испратници со две фактури во неговата фирма. 

Имено, тој се договорил со сопственик на фирма на „Кваташки пазар“ во Скопје, да се сретнат за да ги надминат недоразбирањата што ги имале околу нивните фирми и плаќањето на роба. 45-годишникот дошол пред канцеларијата на другото лице, кое излегувало од просториите на фирмата и му рекло да почека внатре. Тогаш, со закана две лица го принудиле да потпише две испратници со две фактури со суми од по 1.170.000 денари, информираат од МВР.

Случајот бил пријавен вчера (04.10.2022), во 14 часот во Полициската станица Гази Баба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.