45 прашања за тебе...

Кој се врти кога ќе викнеш по мене?

Дали е А првата буква од азбуката на твојата тишина?

Дали го прашуваш огледалото дали си убав без мене?

Дали твоите прсти се плашат од празнини?

Дали отсекогаш сме зборувале на два различни јазици?

Дали сме проклети ако никогаш повторно не се сретнеме?

Дали и ти пропаѓаш со текот на годините?

Дали веруваш дека некогаш сум постоела?

Дали за тебе бев гранка или птица?

Дали се сеќаваш на моите тажни песни?

Дали го сонуваш сонот во кој сѐ уште те сонувам?

Дали зборуваш со мене кога никој не слуша?

Дали го пишуваш моето име во песок?

Дали понекогаш нарачуваш песна заради мене?

Дали се насмевнуваш кога ќе се сетиш на некои спомени?

Дали верувавме во истиот Бог?

Зошто не можевме поеднакво да си се повикуваме?

Зошто не го гледаш она што јас го гледам?

Кажи ми, дали моето око е насолзено?

Кажи ми, дали твоето око е суво?

Каде ли отиде ветерот на љубовта?

Дали си намќорест, моја празна слико?

Дали лажно се нарекуваше себеси јунак?

Дали вешто глумеше дека си човек?

Дали сето тоа беше само една бледа измама?

Дали претходно имаш чуено за моите корени?

Дали си прост и проѕирен како стљакло?

Дали секогаш бев нечија туѓа жена?

Дали во мене гледаше некоја друга личност?

Дали ги насетуваше туѓите плодови?

Дали плачеш кога никој не те слуша?

Дали сонуваш да ги собереш солзите и да ги распостелеш пред мене?

Дали некогаш влегувам во твоите соништа?

Дали некогаш ти одговорив на твоите повици?

Дали некогаш среде ноќ сум те оставила?

Дали можев да бидам понежна и подобра?

Дали мислиш само глумев?

Дали се плашиш на помислата дека се преправав?

Дали трепериш на помислата дека за секого постои некаква песна?

Дали се плашиш од моите љубовници?

Дали ти бев несакана светица?

Од што се плашиш сега, кога повеќе љубов нема?

Кого љубиш сега откако ја избрка љубовта?

Кој се врти кога викаш по мене?