
Жена од гостиварско вчеравечер била донесена почината на Брза помош во гостиварската болница.
- На 23.09.2026 во 21:45 часот во ОВР Гостивар, од Ургентниот центар во Гостивар е пријавено дека кај нив без знаци на живот е донесена Х.С.(45) од село Врапчиште, гостиварско. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено во Судска медицина на обдукција , информираа од тетовската полицијата.