45-годишен маж ќе одговара кривично - нападнал газда на угостителски објект и полицаец

Едно лице од с.Вруток, гостиварско доби кривична пријава.

- ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Н.(45) од с.Вруток, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, информира МВР.

Како што соопшти МВР, на 11.01.2023 во угостителски објект во Гостивар, пријавениот физички ги нападнал сопственикот и полициски службеник кој преземал службени дејствија.