444 нови случаи на ковид-19, починаа 8 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.210 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 187, Куманово – 37, Kрива Паланка - 22, Штип – 20, Велес и Кавадарци – 19, Битола –  17, Тетово и Кочани  – по 16, Прилеп –  15, Охрид, Струмица и Гевгелија – по 9, Неготино и Ресен – по  7, Берово –  5, Свети Николе –  4, Кичево, Радовиш и Пробиштип  – по 3, Струга, Делчево, Валандово, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица –  по 2, Виница, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 225 оздравени пациент од: Скопје – 158, Куманово – 14, Битола – 8,  Велес  – 7, Гевгелија – 6, Кочани, Струмица, Свети Николе и Демир Хисар – по 4, Штип и Пробиштип  – по 3, Кавадарци, Радовиш и Кичево – по 2, Неготино, Кратово, Виница и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица:  2 починати лица од Скопје (56г и 46г)  и по едно починато лице од Кавадарци (74г), Куманово (88г), Кочани (84г), Струмица (73г), Прилеп (71г) и Тетово (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 03.09.2021 година до 24.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Струмица и по едно починато лице од Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Радовиш на возраст од 49 до 78 години, од кои 5 се починати во болнички услови а 3 во домашни услови.

Направени се 3.210 тестови преку: ИЈЗ-348, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-56, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–65, ЦЈЗ Куманово-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–156, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Авицена-109, Биотек-142, Систина-53, лабораторија Лаор-107, Синлаб-20, Ремедика-17, Плодност–33, Генеа-4, Никоб лаб-314, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-34, Ројал Медика –20, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.411.

Досега во земјата се направени вкупно 1.372.834 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.856, бројот на оздравени пациенти е 187.374, на починати е 7.087, а бројот на активни случаи изнесува 6.395.